
Се асфалтираат пристапни улици во населбата Три Чешми во Штип. Веќе утре се очекува почеток на активностите за ново спортско игралиште со вешташка трева и целосно осветлено. Претходно целосно се заврши и тротоарот кој води кон самата населба. Со овие активности целосно се комплетираат работите на терен во оваа населба.
„Моментално се асфалтира пристапот до црквата „Света Злата Мегленска“ во населбата Три Чешми, а ќе се асфалтираат и пристапните улици до гробиштата во оваа населба. Во текот на утрешниот ден очекуваме да се започне со изградба на фудбалски терен, целосно осветлен и со тоа да се комплетираат активностите за овој период во населбата Три Чешми. Претходно овде се работеше и на тротоарот пред самата населба“ – вели Јорданов.
Општината издвои повеќе од два милиони денари за активностите кои се преземаат периодов во населбата Три Чешми. Се работи со засилена динамика и се очекува започнатото да биде завршено во наредните недколку дена.
„Уште поинтезивно секојдневно работиме и продолжуваме со уредување и урбанизирање на целата територија на Општина Штип. Повеќе од два милиони денари се одвоени за асфалтирање во населба Три Чешми“ – додава Јорданов.
Јорданов посочи дека во моментот се работи на повеќе локации во повеќе населени места во Штип, со цел уредување и урбанизација на градот.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет