
Општина Штип ги повикува сите угостители заинтересирани за учество на „Пастрмалијада 2026“ да присуствуваат на состанок на кој ќе бидат презентирани деталите околу организацијата на манифестацијата.
Состанокот ќе се одржи во среда, 26 август 2026 година, со почеток во 16:00 часот, во просториите на Општина Штип, на четвртиот спрат.
Целта е навремено да се информираат сите заинтересирани угостители за условите и правилата за учество, како и за начинот на организација на еден од најпрепознатливите настани во Штип.
На состанокот ќе се разговара за повеќе важни теми, меѓу кои условите за учество, логистиката и поставувањето на штандовите, програмата и активностите во рамки на манифестацијата, како и роковите и начинот на пријавување.
Од Општина Штип посочуваат дека состанокот ќе биде отворен за дискусија, со можност угостителите директно да постават прашања и да ги добијат сите потребни информации од организаторите.
„Пастрмалијада 2026“ и годинава се очекува да привлече голем број посетители, а подготовките за манифестацијата веќе се во тек. Состанокот со угостителите треба да придонесе за подобра координација и навремена организација на учеството во манифестацијата.