Интензивно се работи на терен на депонијата „Мелци“, со максимално ангажирање на механизација, опрема и човечки ресурси, со единствена цел – целосно нормализирање на состојбата, објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Во моментов се ангажирани булдожери, багери, екипи на ЈП „Комуналец“, камиони и цистерни.
„Во акцијата се вклучени и општествено одговорни компании и институции, кои со својата механизација и ресурси даваат значаен придонес во справувањето со состојбата. Ќе се работи интензивно и континуирано, сè до целосно стабилизирање на состојбата и целосно прекинување на чадењето“, вели Јанчев.
Градоначалникот најави дека работите ќе продолжат сè додека ситуацијата во „Мелци“ не биде целосно ставена под контрола.
Текстот Интензивно се работи на гаснење на пожарот на депонијата во Кавадарци, објави Јанчев е превземен од МАКФАКС.