Јорданов оствари работна средба со делегација од Општина Жалец, Република Словенија




Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, оствари работна средба со делегација од Општина Жалец, Република Словенија, предводена од Градоначалникот Јанко Кос и Директорот на развојната агенција „Савиња“, Стојан Прапротник. На средбата присуствуваше и Трајче Здравков, Директор на Центарот за развој на Источен плански регион. На состанокот се разменија позитивни искуства од спроведувањето на развојни програми во двете држави, како и идеи и иницијативи за продлабочување на идната соработка помеѓу општините Штип и Жалец. Ваквите средби претставуваат значаен чекор кон унапредување на билатералните односи и отворање нови можности за економски развој, преку кои директни бенефити ќе имаат граѓаните на Општина Штип. Општина Штип останува отворена за градење партнерства и размена на добри практики со европски општини, со цел создавање подобра иднина за сите.