За прв пат во Штип се одржува Меѓународен фестивал со натпреварувачки карактер на млади музичари

Од денес до 20 ноември за прв  пат започнува меѓународен фестивал со натпреварувачки карактер на млади музичари. Под раководство на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“. За жал, поради ситуацијата со Ковид-19 гостите од соседните држави нема да присуствуваат. Овој фестивал е од натпреварувачки карактер. Учесниците ќе бидат наградени, а вкупниот број ни го открива директорот на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Горан Кавраков.

Очекувањата се со надеж дека се ќе помине во најдобар ред. Според протоколите за здравство, за заштита од Ковид-19  мерките се почитуваат. Се очекува успешен натпревар кој ќе премине во традиција. Бидејќи, Штип го заслужува тоа вели Кавраков.

Надица Стојковска / М Нет

Игор Зиврев / М Нет