Смртта на 41 годишната жена, го вклучи алармот за работата во здравството.

После објавата на девојката за смртта на нејзината 41 годишна мајка, на која и било потребно кислород, а како што вели нејзината ќерка не и било дадено, се вклучи црвениот аларм за работата во здравството. Денеска во Клиничката болница во Штип се изврши вонреден инспекциски надзор, а целосен извештај за начинот на третман на пациентката побара и директорот на Клиничка болница – Штип, д-р. Ален Георгијев.
„Се помиривме со сето тоа. Судбина.  Тие направиле се што можеле, толку можеле и на телефон да ни кренат за информација Додека не го зедов телефонот на мајка ми кој ни го вратија за да ги прочитам ЈАС сите утешни зборови што и ги пишав нејзе, но таа не била во состојба да ги прочита и не ги видов сите нејзини НЕУПЕШНИ ОБИДИ да го добие дежурниот медицински персонал НА ИСТИОТ БРОЈ НА КОЈ СЕ ЈАВУВААТ ЛУЃЕ ОД ЦЕЛА ДРЖАВА ЗА ДА ДОБИЈАТ ИНФОМАЦИЈА ЗА СВОИТЕ НАЈБЛИСКИ. После нашиот последен ,, нормален ,, разговор на 12.11.2020 во 18:46 часот МАЈКА МИ СЕ ОБИДУВАЛА ДА ДОБИЕ ПОМОШ КАЈ ИСТИТЕ ТИЕ СЕСТРИ И ДОКТОРИ СО 10 ПОВИЦИ СЕКАКО НЕУСПЕШНИ ОД 20:23 – 20:29. И не само тоа. Овде се и ДВЕ МОЛБИ ЗА ШАНСА ЗА ЖИВОТ СО ДВЕ ПОРАКИ од кои едната гласи ,,Ова е итно. Јави ми се. ” што била испратена како брза автоматска порака после неуспешен обид да ги добие преку повик и уште една порака ,, Боца кислород треба горе во четворката ,, – порака испратена со којзнае колку МАКА И НЕМОЌНОСТ “– стоеше во изјавата на фејзбук профилот на Михаела. Во барањето за објаснување на случајот, од Клиничката болница Штип  добивме изјава дека: „Поради тоа што во моментот има вонреден инспекциски надзор од ДСЗИ, како и дадено задолжување на Комисијата за контрола на здравствени и етички прашања при Клиничка болница Штип, да го иследи случајот и да поднесе писмен извештај сметаме дека во моментот е коректно да ѓи почекаме извештаите. По добивањето на истите, ќе имаме појасна слика за случајот и дали имало евентуални пропусти.“ Со објавата на Михаела која ги преплави сите социални мрежи, се бара начин да се спречи нечии живот, за да не и се случи истото на некоја друга нечија мајка, сестра, нечиј татко или дедо, стои во изјавата на фејзбук профилот.

Лаура Стојанова М-Нет