Започна неделата за грижа на стари лица под мотото „Сите сме нивни деца“

Од денеска започна неделата за грижа на стари лица под покровителство на Црвен крст на национално ниво. Оваа недела кој се одржува од 16 ноември до 22ри, по осум часа дневно, им нуди можност на старите лица од дома да ги извршуваат нивните секојдневни обврски. Мобилниот тим на Црвениот крст, им помага на лицата на кои им е тоа најпотребно, за плаќање на сметки, набавување на потрените намирници, или подигање на лекови од кај нивните матични, со цел да се намали гужвата и да се спречи ширењето на корона вирусот. Секој Ноември, т.е. секоја година третата недела од ноември е посветена на грижата на стари  лица, со тоа што годинава акцентот е ставен на корона пандемијата, помошта и заштита од истата. Неделата за грижа на стари лица под мотото „Сите сме нивни деца“опфаќа 15 општини на ниво на државата.

Лаура Стојанова М-Нет