Со пригодна манифестација одбележан Денот на вториот пешадиски баталјон во касарната Јане Сандански во Штип

Со положување свежо цвеќе пред спомен обележјето на загинатите борци од 2001 година во штипската касарна Јане Сандански Штип започна одбележувањето на 17 септември – Денот на вториот пешадиски баталјон. Настаните продолжија во кругот на касарната, каде со едноминутен молк се оддаде почит на загинатите борци а беше подготвена и соодветна свечена манифестација.

Одбележувањето на денешниот ден е доказ дека се почитува она што припадниците на бригадата го правеле и го прават за слоободни градови и слободна држава.

Припадниците на вториот пешадиски баталјон и покрај големиот број предизвици со кои се соочуваат секојдневно се горди што се дел од оваа работа и помагаат во секое поле.

Ева Тушевска, М-Нет