
Дали се чувствувате безбедно – дури и додека сте дома? Сè повеќе штипјани велат дека денес се заклучуваат и среде ден, и тоа не од навика, туку од потреба. Според анкетата што ја направивме, чувството на сигурност полека се губи, а тоа пружи дополнителен страв со што граѓаните стануваат повеќе внимателни. Порано, вратите останувале отклучени и навечер – денес, тоа звучи како далечна слика од минатото.
Безбедноста не се мери само со инциденти – туку и со тоа како се чувствуваат луѓето. Нашата анкета покажува дека кај дел од граѓаните постои зголемена претпазливост, дури и во сопствениот дом. Тие не бараат само присуство на редот и мирот, туку чувство на сигурност кое ќе им овозможи да живеат спокојно – како порано.
Иван Митев, М-Нет