И лозарите од штипско незадоволни од откупните цени за винското грозје, бараат покачување

И лозарите од штипско го истакнаа незадоволството од новите откупни цени на грозјето, бараат цената да биде барем 50 проценти од цената на соседните држави. Незадоволувачка е за нив моменталната цена, бидејќи истата изнесува 21,3 денари за вранец и 18,9 денари за смедеревка.

,,Не е задоволително. Виното смедеревка се продаваше по 90 денара литаро, а сега е 150 денари за литар, а ние лани грозјето беше 18 денари, сега е 21, барем 25 требаше да биде. Цената треба да се зголеми, ако не знаат како треба, нека погледнат во соседните држави. Таму е околу едно еврво килото, многу сме далеку. Кај нас ако не едно евро, треба да биде пола евро.“, велат лозарите

Лозарите од штипско потенцираат дека макотрпно се борат за да произведат квалитетно грозје, бараат цената да се гледа според квалитет. Велат дека не може цената да биде за сите иста, согласно лошиот и добриот квалитет.

Инаку, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, неодмна ги објави новите откупни цени за винското грозје. 21,3 денари за килограм вранец, како и 18,9 денари за килограм смедеревка. Според него, оваа година се очекува зголемен принос над 100 милиони килограми винско грозје. И како што вели од наредните години ситуација очекува да биде уште по добра.

Иван Митев, М-Нет