
Се повеќе бракови завршуваат со развод, а се помалку млади се одлуичуваат за брак. Дали вмодерното време го потисна идеалот на трајната љубов?
Во Штип постарите бракот го гледаат како света работа, нешто што не се раскинува лсно, а сепак се гради со години , со многу трпение, компромис и посветеност. На терен тие велат дека вистинскиот брак се мери по тоа колку двајца луѓе се подготвени да останат заедно, дури и кога е тешко. Но, од друга страна младите живеат по брз живот полн со очекувања и промени. За нив, бракот е партнерство што треба да функционира, но долколу нема разбирање, комуникација и лична слобода не гледаат причина да останат во него.
Причините за равод според граѓаните се многу, а меѓу главните се финансии и секојдневните недоразбирања
Поматаму она што останува како прашање е дали времињата се смениле или само трпението станало поретко и дали во иднина бракот ќе се зацрвти и ќе биде како некогаш или ќе остане светот само за партнерска врска без брак.
Иван Митев, М-Нет