Се асфалтира улицата „15 Корпус“ во Штип, се работеше и на подземната инфраструктура

Започна асфалтирањето на улицата „15 Корпус“ во Штип. Станува збор за улица со површина од 1250 метри квадратни. Општината за оваа известиција издвои нешто повеќе од еден милион денари средстват обезбедени од Буџетот.

Претходно се работеше и на подземната инфраструктура. Се работеше на промена на водоводната во должина од 70 метри и издвоени 280 илјади денари. Реконструкцијата на оваа улица е по барање на жителите од овој дел од градот, а се работи првпат после долги години.

Во меѓувреме продолжуваат активностите на терен и во повеќе населни места во Штип со цел подобрување на патната инфраструктура.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет