Шампионот ЖРК Ѓорче Петров ја продолжи соработката со Кадиату и Мацире, ЖРК Металург Автокоманда гради силен тим

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Шампионот ЖРК Ѓорче Петров ја продолжи соработката со двете ракометарки од Гвинеја, верни на „лавиците“ остануваат Санкон Кадиату и Камара Мацире.

Со ова македонскиот шампион ги задржува главните ракометарки од претходната сезона. Кадиату е 20-годишна ракометарка која игра како десно крило, додека пак Мацаре има 19 години и игра како десен бек.

Ѓорче Петров и во следната сезона ќе изгледа моќно, со тоа што беа продолжени соработките со голманката од Бразил, Флавија Габина, потоа со Емилијана Ризоска и Мила Ѓорѓиевска, како и со Милица Николиќ, Катерина Дамјаноска и Ива Велкова.

„Лавиците“ досега ги промовираа сестрите Борјана и Бојана Коцева, голманката Марија Јовановски, Стефанија Ѓорѓиевска која игра како лево крило и пивотот Анастасија Трпеска, каок и Бугарката Стефани Пламен Петрова.

Екипата на Металург Автокоманда за следната сезона гради силен тим со кој ќе сака да атакува на шампионската титула и на Куп титулата.

Клубот ја продолжи соработката со Ивана Димоска, Александра Коловска, Јана Ѓошевска, Марија Гугуњанова, Марија Јанкуловска и голманката Софи Гошевска.

Металург Автокоманда се засили со Мина Ѓурчевска, Сара Ристовска, Ана Марија Коларовска, потоа со перспективниот хрватски бек Петра Јершек, Ива Божиновска и со Анастасија Николовска.

Дополнително, Мери Арсениевска ќе биде дел од стручниот штаб на Металург Автокоманда, ќе ја преземе улогата на тренер во пионерската и младинската категорија. Оваа соработка воедно значи и официјален старт на натпреварување во пионерска и младинска конкуренција, што претставува ново и значајно поглавје во растот на Металург Автокоманда.

Александар Ванев, М-Нет