
Почина возачот на автомобилот од сообраќајната незгода што се случи пред два дена во Штип. Возилото излетало од патот, а две лица беа тешко повредени. Според официјални извори, на возачот му се слошило, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Сопатникот се уште е во тешка состојба.