Јубилејното 35-то Mакфестовско издание ќе се одржи на 18-ти и 19 ти септември, на плоштадот Слобода во Штип

Годинава поради Ковидот, организаторите на Макфест одлучија, за првпат од своето постоење Макфест ќе се одржи под отворено. На плоштадот во центарот на Штип ќе биде монтирана бината каде ќе се одржат двете вечери-ревијалната и натпреварувачката. Во трката за трите награди ќе се вклучат 24-композиции. Нив ќе ги исполнат реномирани пејачи од Македонија како Роберт Билбилов, повеќекратниот победник Ристо Самарџиев Илија Кикиритков, Биба Додева, групата Нокаут и други, а како автори на мелодиите и овојпат се појавуваат Весна Малинова, Кире Костов.

И за новинарите годинава ќе важат посебни протоколи. Секоја известувачка куќа ќе добие зелена карта, која ќе можат да ја користат вработените новинари.