
Дополнителен автобуски превоз до градските гробишта во Штип обезбедува ЈП „Стипион 2011“ за време на Митровденска Задушница.
Вонредните линии ќе бидат активни два дена, поточно во петок попладне на 6 ноември и во сабота на 7 ноември 2026 година.
Целта на оваа одлука како што велат од претпријатието е да им се излезе во пресрет на потребите на граѓаните, кои сакаат да ги посетат вечните почивалишта на своите најблиски.
Во сабота наутро, вонредните линии почнуваат од осум часот од сите населби во Штип и ќе траат се до 13 часот.
ЈП „Стипион 2011“ апелира до граѓаните да го користат организираниот превоз со цел да се намали сообраќајниот метеж околу градските гробишта.
Иван Митев, М-Нет