Почина возачот од сообраќајната незгода што се случи на новиот мост во Штип

Почина возачот на автомобилот од сообраќајната незгода што се случи пред два дена во Штип. Возилото излетало од патот, а две лица беа тешко повредени. Според официјални извори, на возачот му се слошило, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Сопатникот се уште е во тешка состојба.