Членовите на Фаланга и на Ултра Банда во нова хуманитарна мисија

По втор пат годинава, дечките од навивачлките клубови на Ултра Банда и на Фаланга од Штип организираа хуманитарна крводарителска акција. Во чест на некои свои прерано починати другари, а во услови на пандемија неможејќи да организираат меморијални турнири во мал фудбал, тие се одважија да бидат хумани и да ја даруваат својата драгоцена течност.

Ова е втора ваква хуманитарна крводарителска мисија, во првата организирана во месец мај беа собрани 30 шишиња од драгоцената течност која живот значи.

Многу млади членови поради годините, иако изразуваат желба не смеат да даруваат крв, но затоа пак како замена доаѓа некој од нивните родители. Во услови на пандемија гестот на овие млади навивачи е за пофалба и не случајно на нивниот повик се јавуваат и обични граѓани кои се осеќаат како здрави и способни да даруваат заеднички со нив од својата драгоцена течност.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk