Реализирана првата средба меѓу ОО СДСМ Штип и граѓаните, треба да се знае кој и како гради

Неопходноста на граѓаните да се запознаат со тоа кој гради, што и како резултираше со нова средба на ОО на СДСМ Штип, овој пат со граѓаните од населба Сењак. Ова е прва вакава средба, а во наредниот период е предвидено разговори со граѓаните да има и во останатите населби во Штип како и во централнотоградско подрачје. Претседателот на ОО на СДСМ Штип, Јане миланов истакна дека целта е граѓаните да се запознаат од близу со она што се работи, како и да ги кажав нивните проблеми и потреби.

„Идејата за ваков вид на трибина, средби, разговор со граѓаните произлезе од неопходноста од потребата на граѓаните, непосредно да им се објасни кој, што и колку работи и колку сработил во општината. Од тие причини тргнуваме со серија на средби, разговори со граѓаните, ова е прва од таков вид средба. Понатаму планираме средба во Осми Ноември, во паркот во Пролет и средба со која ќе го опфатеме центарот на градот, централното подрачје.“ – кажа Миланов.

На трибината покрај Миланов, свое обраќање имаше и Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој посебно го потенцираше проектот реконструкција на крстосницата токму во населбата Сењак, и додаде дека тој проект е од огромно значење за жителите на оваа населба.

Лаура Стојанова М-Нет