
Зголемен бројот на колапси во Итната медицинска помош Штип, со зголемувањето на дневните температури и влегувањето на држава во портокалова фаза, а со тоа се зголемува и работата на Брзата помош. Претежно хронично болни, но и помлади лица се пациентите кои најчесто бараат медицинска помош.
„Во текот на зголемените надворешни температури, работната организација од наша страна е во поголем ек. Имаме зголемен број на домашни посети, исто така и зголемен број на амбулантски прегледи. Претежно станува збор за лица со хронични болести, коишто ни се едни од најчестите пациенти, меѓутоа се случува да вршиме и прегледи на помлади лица доколку биле изложени на надворешните високи температури или се нашле во некоја потопла просторија која не била климатизирана одреден период“, – кажа Величковска.
Медицинските лица потенцираат на почитување на основните препораки за заштита од топлотниот бран.
„Се случува, ама и се справуваме со почести колапси. Имаме понизок крвен притисок, интервенираме во момент, даваме совети за поголем внес на течности, полесна храна, носење на светла облека и движење во препорачаниот период, односно до 11 часот, во утринските часови, и попладнето, по 17 часот, со цел да се заштитиме од портокаловата фаза во нашата држава.“ – додаде Величковска.
Итната медицинска помош е со доволен број медицински кадар и работат со полна работна организација. Истовремено од Итната медицинска помош апелираат до граѓаните да носат заштитни маски кога ги посетуваат здравствените установи со цел да се заштит и личното, но и колективно здравје.
Лаура Стојанова М-Нет