
Попладнево се одиграа бараж натпреварите кои водат кон Првата фудбалска лига на Македонија. На Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје второпласираната екипа во Втората лига Исток, Тиквеш од Кавадарци сензационално ја победи екипата на Силекс од Кратово со резултат 1:0 со голот што го постигна Спахиу. Така две екипи од „истокот“ Брегалница и Тиквеш се нови прволигаши а Силекс како победник на Купот ќе игра во Европа а првенствено ќе игра во Втората Македонска фудбалска лига.

На тренинг центарот на ФФМ „Петар Милошевски“ во Скопје екипите на Ренова и на Охрид во регуларните 90 минути одиграа нерешено 2:2, но во пенал рулетот поуспешни беа играчите на Ренова и се радуваа на прволигашкиот опстанок.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk