Ќе се зголеми ли безбедноста во сообраќајот во Штип со поставување на лежачки полицајци?

Безбедноста на учесниците во сообраќајот главна цел на надележните во Општина Штип. За регулирање на сообраќајот, намалување на брзинита на управување на возилата се постави нов лежачки полицаец кај детското игралиште во населба „Леваци“.

Од ЈП „Стипион“ истакнаа дека освен овој лежачки полицаец ќе се работи и на нови, како и поправка на веќе постоечките со цел да се зголеми безбедноста во градот под Исарот.

„Поради зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот и намалување на брзината на движење на дел од ул.„Христија Карпош“ се јави потреба од поставување на технички средства за смирување на сообраќајот вештачки издадености на патот (лежачки полицаец) на две локации, според изготвениот сообраќаен проект и согласност од МВР И СВР Штип. Овој дел од улицата е широка и права и со надолжен наклон, па дел од возачите не ја прилагодуваат брзината на движење на возилата со што доаѓа до намалување на безбедноста. Кај поставениот лежачки полицаец се наоѓа самиот влез на игралиштето каде што има голема фрекфенција на движење на деца“ – истакна директорот на ЈП „Стипион“ , Трајче Коштанов.

Лежачки полицајци се поставуваат на локации кои имаат потреба од тоа во зависност од фрекфентноста на улицата, поставеноста на истата како и близината на детски игралишта, училишта или градиники и слично. По направена анализа, и по констатација каде и колку недостасуваат од страна на сообраќаен инспректор се издава решение за поставување на нов. ЈП„Стипион“ се јавува само во улуга на извршител.

Лаура Стојанова М-Нет