
На 24.05.2021 од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип во содејство со Шумска полиција и претставници од Шумско стопанство „Серта“ Штип во с.Почивало, општина Карбинци, при контрола на товарно моторно возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(47) од Штип, биле пронајдени борови стебла, сопственост на Е.К.(35) од Штип, за кои не поседувале соодветна документација за сопственост и транспорт. Потоа, во место викано „Локва“ – атар на с.Почивало, при извршен преглед на околината, биле пронајдени складирани бесправно исечени дабови огревни дрва. Од страна на Шумска полиција дрвата биле одземени и со полициска придружба спроведени до Шумско стопанство Серта за понатамошна постапка.