15 стипендии и и еднократна помош за тројца ученици во Штип, најмногу пријавени од музичката уметност

15 ученици од Штип добија стипендии од општината согласно конкурсот за постигнувања во обласата на образованието изминатата година. Дополнително тројца кандидати ги исполнија условите за добивање на еднократна парична помош. На конкурсот беа пријавени 60 кадидати за стипендии и еднократна парична помош, а најголем дел од пријавените беа од областа на музичката уметност.

„Од пријавените 44 кандидати, 15 кандидати се од областа на природно математичките и техничките науки, двајца кандидати се од областа на општествените настани, еден кандидат од областа на спортот и 26 од областа на музичката уметност. Едногласно беше одлучено тројца кандидати да се стекнат со стипендија од прва категорија во износ од 3000 денари, троја по 2500 денари и 9 кандидати да добиат стипендии во износ од 2000 денари.“ – вели

Поттик за поголеми успеси и преставување на Штип во најдобро светло во државата и странство, учениците се багодарни за стипендиите кои ги добиле за своите успеси претходната година.

„Оваа стипендија е од големо значење за мене и ова е една награда за моите успеси и моите медали. Оваа година освои бронзен медал на Светската олимпијада во хемија, а учествував на голем број натпревари по хемија, биологија и математика.“ – велат стипендираните граѓани.

Во оваа прилика градоначалникот Јорданов посочи дека ова преставува мал гест со кој се мотивираат учесниците во иднина да бидат уште поуспешни. Тенденција е наредната година да се опфатат поголем број ученици кои постигнале значајни резултати во областа на образованието.

„Јас сум убеден дека во следната година ќе успееме заеднички да опфатиме уште поголем број на ученици кои постигнале резултати во сверата на образованието, а со тоа придонесуваат директно во развојот на нашиот град затоа што генерираат вистински вредности и затоа што се нашата иднина.“ – вели Јорданов.

Конкурсот за стекнување на стипендии и еднократна парична помош траеше од 30 октомври до 14 ноември оваа година.

Лаура Стојанова М-Нет