Асфалт доби улица во штипска Лакавица, догодина ќе се врши замена на водоводната мрежа

Асфалтна маса доби улица во штипска Лакавица. По барање на жителите од село Лакавица, а согласно програмата на Општина Штип да се реагира во секое населено место, оваа година се завршува со две улици кои се асфалтирани во Лакавица. Увид во активностите на терен денеска изврши градоначалникот Иван Јорданов, кој потенцираше дека наредната година ќе се работи на реконструкција на застарената водовдна мрежа.

„Станува збор за инвестиција на Општина Штип во вредност од 618 илјади. Оваа година ја завршуваме со асфалтирање на една улица во село Лакавица. Морам да истакнам дека оваа година исто така изреализиравме и направивме асфалтирање на друга улица која беше потреба на жителите од ова населено место. За догодина се предвидува и инвестиција во делот на водоводната мрежа која е застарена и која создава проблеми на жителите од ова село.“ – вели Јорданов.

Децении наназад немало инвестиции во штипска Лакавица, потенцираше Јорданов. Вели токму затоа потрбите на жителите останале нереализирани до сега. Потенцира дека во годините кои доаѓаат се предвидени низа проекти за ова населено место.

„Жалам што неколку децении наназад овде немало инвестиции, немало реконструкција, инвестиција на водоводната мрежа, па така потребите на жителите се реалност кој несоодвестуваат со едно нормално живеење во 21 век. Се надевам дека со годините кои доаѓаат и со предвидените проекти ќе се обидеме да го надокнадиме она што во минатото го немало тука“ – додава Јорданов.

Во оваа прилика Јорданов посочи дека сите села на територија на Општина Штип се предвидени за асфалтирање и подобрување на начинот на живот и тоа ќе се реализира во наредната тековна 2024 година.

Лаура Стојанова М-Нет