
Новогодишна честитка извезена со пораки за Среќна Нова година, за здравје, мир и бериќет, намесани лица, дедовци и баби кои со нетрпение очекуваат порака од внуците, или другарчиња кои преку честитка си ги честитаат празниците. Ваква сликата беше денови пред празниците од годините претходно. Денеска ретко каде може да се најдат новогодишни честитки, но уште полошо е што никој веќе не ги бара. Повозрасните граѓани на терен во Штип сеќавајќи се на годините претходно велат дека чувството било далеку поубаво за разлика од денес кога Нова година се честита преку телефон или социјалните мрежи. Децидни се дека младите губат многу оти таквите времиња, праќањето честитики се моменти кои не се забораваат.
„Со честитки ние чествитавме Нова година, младите сега преку фејсбук честитаат Нова година, или преку телефон.“ – велат граѓаните.
На терен во Штип ретко на некоја тезга може да се најде честитка која им се нуди на граѓаните. Од една страна сите се согласни дека честитките веќе речиси и да не се користат, ама од друга страна додаваат дека најважно е желбите да бидат искрени, и да има кому да се честитаат Новогодишните и Божиќни празници.
Лаура Стојанова М-Нет