
Наместо очекуваните 16 денари за килограм, јачменот и пченицата се откупуваат за само 10 денари. Според Гоце Серафимов, потпретседател на Асоцијацијата на земјоделци, цената е незадоволителна, бидејќи не ги покрива производните трошоци, кои годинава достигнуваат 18 до 19 денари за килограм. Како што истакна тој за М-Нет телевизија, и покрај двата состанока со потсекторската група во Министерството за земјоделство, не е постигнат договор за повисока откупна цена
,,Имавме два состанока во министерството за земјоделие со потсекторската група, меѓутоа ништо не се догворивме првиот пат кога беше почната жетвата на јачменот, сега веќе завршува и жетвата на пченицата. Јачменот помина со некои 10 денара откупувачите го земаа, истата цена ќе биде 10 денари и за пченицата, однесена во млин. Земјоделците можат да не го продават јачменот или пченицата да го складират, за тоа има обезбедено мерка од државата да се плате ускладиштувањето на јачменот или пченицата. Цената е ниска, ние баравме да биде најмалку 16 денари, да речеиме мислевме дека 13 денари ќе биде јачменот и пченицата и два до три денари да се воведе некоја мерка од министерството за да дојдеме до 16 денари, затоа што оваа година према приносите, излегува дека производната цена е 18, 19 денари.“, кажа Серафимов
Повеќето земјоделци, Серафимов тврди оти пченицата ја чуваат, додека друг дел продаваат, бидејки немаат избор. Немаат се уште субвенции.
Инаку субвенциите на земјоделците, како што потврди Серафимов им доцнат за 2025 година, а пријавувањето за новите ќе започне многу скоро, според информациите за околу 10 тина дена.
Иван Митев, М-Нет