
После започнувањето на примање на вакцини против корона вирусот во земјите низ светот, најавено е пристигнување на вакцината и во нашата земја. После долги шпекулации, за исправноста на вакцината, колку истата ќе не заштити или ќе ни наштети, нашата екипа излезе на терен. Од направената анкета, помеѓу граѓаните на Општина Штип, повозрасните и покрај тоа што не се ставени во приоритетната група на луѓе кои први треба да се вакцинираат, се изјаснија дека би се вакцинирале. Но присутен е и стравот. Препораките за вакцинацијата во нашата држава е први да бидат вакцинирани здравствените работници, вработените во војската и полицијата, сите јавни службеници, во јавниот транспорт, хронично болните и сите критични групи согласно мислењето на експертите.
Лаура Стојанова М-Нет