Последни крводарителски акции во Делчево и Македонска Каменица за оваа година

Изминативе два дена беа резервирани за реализација на последните кродарителски акции во Делчево и Македонска Каменица за оваа календарска година во организација на општинскиот црвен ктрст од Делчево установа која го покрива и рударскиот град од крајниот исток  заедно со републичкиот институт за трансфузиона медицина. Од делчевскиот црвен крст добивме информација дека на територија на општина Делчево се собираат околу 50 крвни единици а во Македонска Каменица нешто повеќе од 25 генерално тие се задоволни од донираните ќесиња со крв како и што им е предвидено во планот.

Уште од рано наутро нашите херои нашите дарители чекаа да ја даруват својата скапоцена течност крвта кои одлучија да помогнат во ова тешко време во време на пандемија одлучуваат да помогнат на ти кои чекаат за крв на нашите пациенти. Сите што веќе имат прележано корона вирус или ковид 19 ќе треба да ги запазиме некои протоколи некои мерки пред дарување на ковалесцентна плазма значи сите тие луѓе кои имаат прележано интересот е премногу се пријавуваат на нашиот портал и ние ги контактираме сите оние кои покажуваат интерес и потоа продолжуваме според протоколот како што би требало досега преку 100 ковалесцентни плазми се донирани се надеваме дека и оние кои имаат прележано што немат одлучено уште за дарување би упатил еден апел до сите нив да дојдат даруват да помогнат на тие што се во тешка состојба.

Оваа 2020 година е малку поразлична со оглед на ситуацијата со корона вирусот намалени се крводарителските акции во општините Делчево и Македонска Каменица а оваа е шеста и последна за годината што изминува  речиси половина од предвидениот план за крводарителски акции.