Период на зимници е започнат. Побарувачката речиси задоволителна

Започната е сезоната на зимници, како и периодот на јапонско јаболко, мушмула, тиква. Побарувачката се движи различно во зависност од производот и цената. Гужвата на пазарот во Општина Штип, како што можевме да забележиме од нашата посета беше намалена, но сепак не до толку да биде сведена на минимум. Со направената анкета дознавме дека, корона пандемијата и влијае и не, сепак мора да се јаде и да се купи свежо овошје и зеленчук. За други пак, побарувачката е задоволителна. Со оглед на фактот дека се наоѓаме во време на пандемија, не е лошо како што ни кажаа продавачите. Цената на јапонското јаболко се движи околу 20 до 30 денари по килограм, тиквата исто околу 20 денари за килограм, зелката држи 18 денари за килограм. Пред се станува збор за здрава и незагадена храна, а периодот на зимници и салати е во полн ек, па се очекува добра побарувачка.

Лаура Стојанова М-Нет