
Нема пријави од страна на граѓаните за оштетени водомери заради ниските температури, информираат од ЈП Исар. Како што истакна директорот, Александар Арсовски, ова се должи на навремената заштита на истите со што не се јавуваат дефекти. Исто така, проблеми нема и кај водоводната мрежа, бидејќи цевките се поставени на соодветна длабочина. Но, дециден дека доколку има пријави, пред сѐ преку кол центарот, тие се подготвени да реагираат брзо и наремено.
„Досега на кол центарот кој работи 24 часа немаме добиено пријава за дефект или пукање на водомери во сопственост на граѓаните. Исто така, нашите водоводни линии се поставени на соодветна длабочина така да освен оние редовни, ситни дефекти на водоводната мрежа немаме некои посеризони дефекти настанати од ниските температури. ЈП е мобилно и доколку граѓаните имаат потреба ние ќе реагираме експресно“ – вели Арсовски.
Засега праксата покажува дека на воспоставениот кол центар кој работи 24 часа, граѓаните пријавуваат тековни проблеми со кои се соочуваат во нивното место на живеење. Ефектот од воведувањето на кол центарот е видлив бидејќи во секое време се реагира на проблеми кои се пријавени од страна на граѓаните.
„На кол центарот најчесто пријави имаме за излиена фекална канализација, најчесто по обилни врнежи од дожд“ – додава Арсовски.
Претходно и голем дел од штипјани посочија дека навремено си ги заштитиле водомерите, со цел да не дојде до нивно замрзнување и пукање. Доколку дојде до штети и дефекти на водомерите, нивната санација е на товар на граѓаните.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет