
Подготвуваат ли штипјани компот? Овој безалкохолен пијалак со поголеми парчиња овошје во шеќерен сируп, штипјанки велат се подготвува многу лесно, со комбинирање овошје, вода и шеќер во тенџере, кои потоа кратко се варат додека плодовите не омекнат. Вообичаено се користат сочни вишни, праски, сливи, круши и бобинки.
Но, дел од штипјанки сепак се одлучуваат за полесната варијанта. Оние кои не прават и не јадат домашен компот, едноставно велат „не“ и си купуваат готово, па во нивните домови наместо овошје во тегли, се подготвува само класична туршија.
Вредните домаќинки со гордост раскажуваат дека од секое сезонско овошје ги полнат теглите за зима, па штом тенџерето ќе се тргне од оган и течноста и овошјата убаво ќе извријат, тие веќе имаат спремно вкусно и природно освежување за студените денови.
Ева Тушевска, М-Нет