Интересот за кикбоксот во Штип се зголемува – во Гладијатор Фајт доминираат девојките

Интересот за кикбоксот како спорт во Штип е голем вели Шенол Асанов, тренер во кикбокс клубот Гладијатор Фајт. Тој за М Нет телевизија вели дека женските натпреварувачи бројчено доминираат во однос на машките натпреварувачи.

Во штипскиот клуб кој нижи големи успеси не само во Македонија, туку и на меѓународната сцена брои 85 члена, од кои 20-тина активно се натпреваруваат, од нив 12 се женски, а осум се машки.

Најраната возраст за да се започне со спортување на кикбокс е пет години, а најмалата група од 5 до 12 години во кикбокс клубот Гладијатор Фајт има околу 25 членови, а со нив работи кикбоксерката Викторија Варадинова.

Изминатиот викенд Гладијатор Фајт на силен меѓународен турнир во Ниш, Србија освои десет медали со девет натпреварувачи, потврда дека во клубот со правилна селекција, подготовка и тренинзи може секој да натпреварува и да стигне до голем успех.

Александар Ванев, М-Нет