Швајцарија со три гола ја казни Македонија за неуспешен старт во Лигата на нации

Македонската репрезентација со пораз го започна натпреварувањето во Лигата на нации, откако во премиерниот меч против Швајцарија претрпе пораз од 0:3 на Националната арена ,,Тодор Проески” во Скопје.
Гостите уште во првото полувреме направија значајна предност. Ремо Фројлер во 22. минута ја затресе македонската мрежа за водство од 0:1.
Македонија се обиде да одговори, но наместо израмнување, Швајцарците успеаја да постигнат и втор погодок. Во 41. минута Зеки Амдуни погоди за 0:2, резултат со кој се замина на пауза.
Во вториот дел следуваа неколку измени во македонскиот состав. На терен влегоа повеќе македонски фудбалери, во обид да се промени текот на натпреварот.
Сепак, Швајцарија продолжи да биде опасна и во 74. минута Амдуни по вторпат на натпреварот ја погоди мрежата, повторно по асистенција на Атекаме, за конечни 0:3.
До крајот Македонија не успеа да го намали заостанувањето, па Швајцарија со убедлив триумф ги освои бодовите на стартот од Лигата на нации.
Македонија – Швајцарија 0:3
Стрелци: Фројлер 22′, Амдуни 41′, 74′