
Одиграни натпреварите од првата елиминациската фаза на футсал Купот на Македонија веќе се познати екипи кои обезбедија втора фаза од Купот, а каде ќе ги очекува потешки предизвици.
Во овој сегмент од оваа натпреварување се соочија меѓусебно второлигаши. Тимот на Фудбал Старс од Кочани однесе најубедлива победа откако на домашен терен со 9:3 го декласираше составот на Партизан Југ од Брвеница.
За тимот на Фудбал Старс стрелци двојни стрелци беа Драган Трајчов и Христијан Крстов, а пак по еден гол постигнаа Славчо Јованов, Давид Тренчев, Јоваиц Ефитмов, Борчо Петров и Драган Гаврилов.
За гостинската екипа двапати погоди искусниот Даниел Радески, а еднаш Марко Спироски.
Кратово со 5:1 го декласираше тимот на Конзули од Битола, во натпревар каде Ѓорѓи Ивановски постигна два гола, по еден гол постигнаа Валентино Јовановски, Кевин Јакимов и Никола Стојчевски, а пак за гостинскиот тим Драганчо Мицески беше единствениот стрелец.
Висока победа имаше и тимот на Каршиака откако со 1:8 го доби Карадаку, а пак Овче Поле на домашен терен во Свети Николе беше декласиран од ланскиот прволигаш Црна Река со 1:6.
Најнеизвесно беше соочувањето меѓу СЕЕ Университи и ССК Скопје, меч кој заврши со 4:5 и победа на скопскиот тим вредна следна фаза од футсал Купот на Македонија.
Александар Ванев, М-Нет