
Со солзи, прегратки и силни емоции, денеска беше одбележан Денот на лица со попреченост во Здружението за инвалиди во Штип. На настанот присуствуваа претставниците на општините Штип и Карбинци, кои дадоа голема подршка до лицата со попреченост. Градоначалникот Иван Јорданов и оваа година со огромна подршка посака од година во година лицата со инвалидитет да бидат повеќе вклучени на пазарот на труд, да можат да допринесуваат, да додаваат вредност и да имаат право на вработување, придонес и продуктивност. Порача дека за одредени промени не се потребни секогаш финансиски средства, туку е потребно и подигање на свеста кај граѓаните.
,,Затоа за одредени промени не се потребни секогаш финансиски средства, туку е потребно и подигање на свеста кја нашите сограѓаните, затоа што првиот чекор е направен, но понатаму како ќе го мениме општеството зависи од секој еден од нас. Како локалната самопурава ќе работиме секогаш заедно со вас, прифаќајки ги вашите предлози во рамки на нашите можности и во име на тоа јас посакувам од година во година да овозможиме лицата со препреченост да бидат вклучени на пазарот на труд. Да можат да допринесуваат и да додаваат вредност во пазарот за труд. Да имаат право на вработување на придонес и продуктивност.“, порача Јорданов
Јорданов рече дека во општеството има недостатоци и дека е потребно многу промени за да се овозможи на ваквите лица, без разлика на нивните можности да бидат еднакви.
,,Ова се моменти кога зборуваме за состојбите, предизвиците, потребите, можностите на сите граѓани во нашиот град со посебен акцент на лицата со инвалидитет, затоа што тоа е наша обврска како институции кои припрагаат на граѓаните. Свесни сме дека општеството е со многу недостатоци и дека е потребно многу промени за да овозоможиме сите лица без разлика на нивните можности да бидат еднакви. За да го направиме нашиот систем и општество еднаква можност за сите наши сограѓани, вклуќувајќи ги и лицата со инавлидитет е потребно сите чинители во ова наше општество заеднички заедно да делуваат за да се подобри состојбата во која што се наоѓамме.“, рече Јорданов
Инаку, на настанот покрај што беа доделени благодарници, се читаше и рецитали од страна на основници од неколку училишта од Штип, кои допринесоа за да денот на овие лица биде воздигнат на повисоко ниво.
Иван Митев, М-Нет