
Граѓаните во Општина Карбинци предлагаат свои идеи и предлози проекти кои треба да бидат ставени во Буџетот за наредната година, а со тоа и да се пристапи кон нивно реализирање. Според досега пристигнатите предлози, барањата се пред се во делот на инфраструктурата, односно се реагира за улици и патишта, тротоари кои наредната година би требало да бидат опфатени и реалзиирани.
„Ова го правиме по пат на лични контакти, однонсо, општината е отворена за секој еден сограѓанин кој сака да даде идеа за било каков проект, но и по електронски пат. Досега да бидам искрен имаме неколку проекти доставено од страна на граѓаните. Пред се се работи за проекти кои се во делот на инфраструктурата“ – вели Паунов.
Во програмата за наредната година ќе бидат ставени и проекти кои беа дел од предизборната програма на Паунов. Како што посочи тој, се надева на реализација на проектот за продолжување на велосипедската патека од село Таринци до село Карбинци во должина од близу два километри.
„Општина Карбинци работи на изработка на техничка документација. Овде би го споменал проектот за поврзување на велосипедска патека од Таринци до Карбинци во должина од 1,8 километри. Се надевам доколку целата постапка биде завршена ќе влезе и во буџетирањето за наредната година“ – вели Паунов.
Општината е отворена за сите граѓани, а своите предлози и идеи може да се доставуваат и по електронски пат. Целта е да се работат проекти кои се од големо значење за жителите на Општина Карбинци.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет