
Предавањето со креда на табла, повеќе не привлекува внимание кај учениците, затоа министерката за образование и наука Весна Јаневска децидна дека зелената табла се менува со смарт табла. Но, од друга страна и со помош на вештачката интелегенција, Јаневска денес потенцираше дека општеството ќе има бројни придобивки, како учениците, така и наставниците.
,,Наставниците можат вештачката интелегенција, ако ги има податоците за темата која е учена, може да им направи наставни ливчиња. Може да им го направи тестот, може да им направи вежби. Децата можат да вежбаат да решаваат задачи, да одговораат прашања. Се тоа ќе биде многу брзо и се тоа ќе биде соодветно на она што се случува во светот во овој момент. Денешните генерации се многу различни од оние пред 20 години. Огромен број на деца низ светот во сопствените раце имаат паметни телефони. Тие се научени да гледаат по 50 слики во две три секунди. За нив веќе предавањето со креда на табла не привлекува внимание. Ги сменивме зелените табли со смарт табли.“, рече Јаневска
Најголемата придовика што учениците ќе ја стекнат од употребата на вештачката интелегенција, според Јаневска е тоа што ќе развиват првенствено креативно мислење, како и што ќе им овозможи да го вежбаат она што им недостасува.
Инаку, министерката Јаневска останува децидна дека учениците ќе добијат голем број придобивки од вештачката интелегенција, со што ќе имаат уште подобри можности за да се образуваат.
Иван Митев, М-Нет