
Водечките екипи во Втората кошаркарска лига и во рамки на 13. коло беа перфектни и забележаа сигурни победи.
Екипата на Соколи од Штип гостуваше во Прилеп каде без проблеми го совлада тимот на Мега Баскет со висок резултат од 71:89, што штипските кошаркари продолжуваат со победите и во 2025 година на патот кон влез во кошаркарската елита на Македонија.
На висока и сигурна победа се радуваа и кошаркарите на Ангели, лидерот со 69:83 славеше против Охрид во „Билјанини Извори“. Во рамки на оваа коло висока победа забележа екипата на Водно Санс од 75:105 против Работнички 2018.
Дерби се играше во Струга каде екипата на Црн Дрим изненадувачки на домашен терен претрпе висок пораз од екипата на Маџари со резутлат од 70:109. Тесен и неизвесен меч имаше во Велес каде Борец Баскет со 79:75 ја совлада екипата на Струмица. Бутел со 91:80 го доби мечот со МЗТ Скопје.
Во однос на табелата екипата на Ангели е лидер со 24 бодови, а толку има и екипата на Соколи од Штип за делба на првото место. Маџари е трет со 23 бодови, а пак Борец Баскет има 22 бодови, додека Црн Дрим е петти со 21 бод. Оваа петорка ќе ја води борбата за влез во Првата кошаркарска лига на Македонија.
Александар Ванев, М-Нет