
Второлигашот Осогово го комплетира стручниот штаб за продолжението од сезоанта откако Спирко Златков дојде на местото на шеф на стручен штаб заменувајќи го Крсте Крстев.
Мартин Малчев ќе му биде помошник на Златков, а воедно тој активно ќе учествува и во развојот на младите фудбалери во школата на Осогово.
Малчев во стручниот штаб на Осогово доаѓа од ФК Слога од Виница, каде седум години работел како координатор и тренер на младинската фудбалска школа на тимот од Виница.
Златков минатото коло ја донесе првата сезонска победа за Осогово, а сега заедно со Малчев како негов помошник ќе се обиде да дојде до втората сезонска победа овој викенд на гостување кај Македонија ЃП, а со тоа можност „жетварите“ за првпат да излезат од опасната зона.
Александар Ванев, М-Нет