Со доделување орден и две предавања за мода и кулинарство, денеска на УГД Штип се одбележа Неделата на италијанскиот јазик

Со доделување орден и две предавања за мода и кулинарство, денеска на факултетот во Штип се прослави Неделата на италијанскиот јазик. Признанието го додели лично италијанскиот амбасадор Паоло Палминтери, благодарејки на професорите за ширењето на италијанската култура. На предавањата се зборуваше за италијанската храна и мода, но и за тоа колку оваа земја придонесува во иновациите и модерната технологија. Амбасадорот рече дека е среќен што италијанскиот јазик се учи и во Македонија.

,,Секоја година овде се организира настан по повод неделата на италијанскиот јазик во светото, ова е 26 тото издание на ова одбележување, со тоа што овој ден ќе биде посебен, затоа што професорката Караникич Јојсимовска ќе и биде доделен орден за заслуги за нејзниот придонес во односот помеѓу кутурата помеѓу овие две земји. Наденешниот настан ќе се одржат две предавања во врска со модата и италијанската гастрономија, тема е овогодинешното одбележување е Италјинаскиот јазик генијален јазик, затоа што целта е да се отиде надвор од вообичаените вредности во однос на книжевната, уметничката и културната вредност, туку и да се претстави италијанскиот допринос во иновацијата и техонологијата. Јас сум особено задоволен од распросратентоста на италијанскиот јазик во оваа земја. Постојат повеќе од 40 училишта средни, во кои може да се изчува италјанскито јазик овде. Покрај тоа тука се и катедрите до Штип и Скопје каде што може да се продолжи изчувањето на академско ниво. Исто така задоволен сум и од културните активности што ги организира амбаадата, кои што се причилчно посетени, а покрај тоа заслуга има и акедонската заедница во Италија, која што допринесува за уште поголемо ширење на италијанскиот јазик и култура овде.“,вели Палминтери

Професорката Ева Ѓорѓиевска објасни дека престижната награда „Флајано“ се доделува во Италија повеќе од половина век, но годинава за првпат ја освојуваат македонски авторки, меѓу кои е и самата таа

,,Наградата флајано се доделува на меѓународна манифестација во Пескара, почнувајки од пред 53 години, во категории кино, журнализам, литература и останати уметнички експресии. Во поткатегорија Лука Атанасијо италијанистика, започнува да се доделува од пред 25 години и станува збор за награда која за првапат е доделена на македоснки авторки, во мегународна конкуренција на светско ниво. Останатите добитници се од Канада и Египед. За нас тоа претставува едно признание за нашата работа и поттик за вложување во литературата и културата.“, вели Ѓорѓиевска

Овој голем успех со наградата од Италија е само уште еден доказ дека со многу труд, македонсктие професори можат да постигнат поголеми резултати.

Иван Митев, М-Нет