
Прволигашот Шкупи се активираше на трансфер пазарот и го претстави првото засилување за новата сезона. Се работи за младиот и надежен дефанзивец Емре Кадри, кој доаѓа од академијата на Адана Демирспор и треба да биде вистинско освежување во редовите на тимот Чаир.
Вардар забележа триумф од минимални 1:0 над Рапид Букурешт за време на подготовките во Словенија, а капитенот Горан Закариќ постигна атрактивел гол по само осум минути игра. Следен тест за освојувачот на Купот на Македонија ќе биде Марибор.
Работничии доживеа висок пораз од екипата на Партизани Тирана со 0:3, со што албанскиот прволигаш забележа висока победа, а за Партизани Тирана беа досудени два пенали.
На 27 јуни екипата на Работнички ќе се тестира со Балкани од Косово во Охрид.
Прволигашот Струга Трим Лум се раздели со 34-годишниот игарч за врска Стефан Спироски, пред истекот на договорот. Во престојот во градот покрај Езерото, Спироски постигна два гола и четири асистенции, а низ својата кариера во домашниот шампион има настапувано за Пелистер, Работнички и Вардар, а меѓунардона кариера градеше во екипи од Србија, Бугарија, Израел, Кипар, Украина, Унгарија и Ерменија.
Александар Ванев, М-Нет