Шкендија Арачиново прави големи промени во ростерот, се раздели и со капитенот, официјално промовирани шест играчи!

Второлигашот Шкендија Арачиново прави големи промени во ростерот за пролетниот дел од сезоната и нема да биде во изгледот како што беше во есенскиот дел од сезоната. Тимот се раздели со повеќе од десеттина фудбалери, меѓу нив и капитенот Јасир Беќири.

Дресот на тимот од Арачиново во иднина нема да го носат Бујар Иљази, Еркан Шаип, Шуајб Алити, Александар Ѓорѓиески, Бурхан Аллији, голманот Баки Алиу, Мергин Дани, Христијан Коцев, Амар Мустафа, Албан Шабани, Омери Сулејман, Стефан Коловски, Ферат Села и капитенот Јасир Беќири.

Тимот досега официјално се засили со шест фудбалери – во пакет од Слога Виница пристигна голманот Антонио Столевски, Сухејб Рушити и Иљаз Чиљафи, потоа Махир Ајрули од Каменица Саса, Зани Назифи од Шкупи и Владимир Жоглев од Осогово.

Како што истакнуваат од клубот се водат преговори за квалитетни засилувања кои ќе бидат промовирани во следните денови, а Шкендија Арачиново останува со една цел, тоа е директен влез во Прва лига.

Есенскиот дел тимот го заврши на второто место со 35 бодови, еден помалку од лидерот Охрид, а екипата од Арачиново денес ќе означи почеток на зимските подготовки.

Александар Ванев, М-Нет