
Второлигашите започнуваат со зимските подготовки за вториот дел од сезоната, откако денес почеток на подготовките ќе означат Шкендија Арачиново, Брегалница Кожуф и Охрид, а пак во текот на оваа недела ќе започнат и Новаци, Беласица и Осогово.
Шкендија Арачиново има големи промени во ростерот откако повеќе од десет фудбалери заминаа, а досега пристигнаа шест нови играчи. Тимот од Арачиново денес ги започнува зимските подготовки. Кожуф со неколку нови засилување денес ги започнува подготовките. Тимот од Гевгелија ќе ја проверува формата со Беласица, Победа Валандово, Работнички, Арсими и Детонит Плачковица, а пак Охрид кој стартува исто така денес го задржа тимот и се засили со двајца играчи.
Денес старт на подготовките ќе означи и штипска Брегалница, која ќе продолжи без Хусеин Демири, Еди Мандак и Дарко Алексовски – Пеле, а се засили со Бојан Рајков.
Новаци во среда ќе ги започне подготовките, ростерот е задржан, а ќе има неколу нови засилувања, додека пак Беласица старт на подготовките ќе означи сито така во среда, а ќе има пет до шест пријателски натпревари.
Осогово стартот на зимските подготовки го закажа за 17 јануари, таму има едно заминување Владимир Жоглев, а се очекува да биде промовиран Филип Димоски.
Засега екипи од долниот дел на табелата немаат активности и официјално немаат информирано каков ќе биде планот за подготовките и дали ќе има заминувања и засилувања.
Александар Ванев, М-Нет