
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успешно ги отвори квалификациите за Австралија опен, откако во првото коло забележа сигурна победа над четвртата носителка австриската тенисерка Сиња Краус со 7-5, 6-0.
Ѓорческа одигра стабилен и тактички зрел меч, наметнувајќи контрола во клучните моменти и заслужено обезбедувајќи пласман во следната рунда од квалификациите. Со овој триумф, македонската претставничка направи значаен чекор кон главната ждрепка на првиот грен-слем турнир во сезоната.
Во второто коло од квалификациите, Ѓорческа ја очекува нов сериозен предизвик – дуел со Тамара Зиданшек, тенисерка од Словенија со богато искуство на ВТА-турнирите и настапи во завршните фази на грен-слем натпреварувања.
Македонската тениска јавност со внимание ќе го следи продолжението на настапот на Ѓорческа во Мелбурн, каде секоја нова победа носи чекор поблиску до историски пласман во главната фаза на Австралија опен.