„Челичните“ пливачи од Штип ќе настапат на „Немо – Куп“ во Скопје

Пливачкиот клуб Делфин во Скопје ќе го одржи 17 по ред традиционален пливачки „Немо Куп“ на кој ќе настапат голем број на пливачи од Македонија, Србија, Словенија, Албанија, Косово и Бугарија. Меѓу нив се поканети и ќе настапат и пливачи на клубот „Челични “ од Штип и тоа Ивона Наумова, Вероника Зашевска и Методи Георгиев и тоа во дисциплините Слободно и Делфин. Според информациите од спортскиот педагог и тренер на „челичните“ Мирко Јакимовски овој традиционален меѓународен пливачки митинг ќе се одржи на 17 и 18 ноември 2021 година во базенот на спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk