Фудбалерите на Брегалница очекуваат сигурна победа против Борец во Штип

Екипата на Брегалница во недела ја очекува нов прволигашки настап кога на „градски“ во Штип ќе се сретне со екипата на Борец. Тимот од Велес засега е на претпоследното 11 место со само 8 освоени бодови и според многумина нема што да бара на средбата во Штип против Брегалница која со Струга ТЛ го дели 5 место на табелата со по 22 освоени бодови. Распоредот е таков во кој Шкендија и Струга ТЛ гостуваат и во случај на нивни порази и со евентуална победа Брегалница ќе се искачи на 4 место на табелата. Веќе се делегирани и официјалните лица за средбата во Штип, Главен судија ќе биде Марјан Младеновски на кого ќе му помагаат Дејан Костадинов, Гоце Петрески и како четврти судија Кристијан Ѓуровски сите од Скопје. За Контролор е делегиран Зоранчо Темелков од Кавадарци а Делегат ќе биде Жанко Савов од Скопје. Еве ги комплетните парови за ова 15 коло:

  1. Ренова – А. Пандев – ќе играатво сабота
  2. Шкупи – Струга ТЛ
  3. Пелистер – Скопје
  4. Македонија ЃП – Шкендија
  5. Брегалница – Борец
  6. Тиквеш – Работнички

Овие натпревари ќе се одиграат во недела 28 ноември 2021 година со почеток во 13.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk