
Фудбалските второлигаши од групата Исток утре,сабота ќе ги одиграат натпреварите од редовното 12 коло во кое вниманието на фудбалската јавност ќе биде насочено кон Македонска Каменица. Таму ќе се одигра дерби натпреварот Каменица Саса – Победа на кој се очекува вистинска битка на теренот на играчи кои имаат доволно искуство, меѓусебно се респектираат, но и со единствена цел да го освојат самиот врв и конечно после долга неизвеснот да се вратат на прволигашката карта на Македонија. Прилепчани засега се на врвот, наизменично се менуваат со Слога од Виница а до пред неколку кола и Саса беше лидер на табелата, што доволно зборува за квалитетот на екипите и неизвесноста која се провлекува после секое одиграно коло. Домакините, предводени од Шефот на стручниот штаб Горан Здравков, треба едноставно да ги спроведат тактичките замисли на својот водач, ќе ја имаат и подршката од верните навивачи „багери’ кои ќе дуваат во грб и ќе бидат дванаесетиот играч на Каменица Саса. За натпреварот Каменица Саса – Победа владее голем интерес и затоа нашата Мнет ТВ благодарејќи на одличната соработка со ФФМ ќе врши директен пренос. Еве ги комплетните парови за ова 12 коло:
- Братство – Осогово
- Слога – Локомотива
- Каменица Саса – Победа
- Кожув – Детонит
- Кит Го – Беласица
Сите натпревари ќе се одиграат во сабота 27 ноември 2021 г. со почеток во 13.00 часот.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk