Утре прва дезинсекција во Штип за уништување ларви на комарците

Утре во Штип ќе се спроведе првата дезинсекција годинава за уништување на комарците. Дезинсекцијата ќе се спроведе преку овластена фирма со соодветни препарати.

„На ден 29.4.2022 (петок) Општина Штип ќе спроведе ларвицидна дезинсекција со цел уништување на ларвите на комарците. Третирањето ќе се врши во периодот од 09 до 14 часот. Со дезинсекција ќе бидат опфатени застојните води во урбаните населби и локалитети на територија на општина Штип.“ – информираат од Општина Штип.

Како што додаваат од таму, во случај на неповолни временски услови, како дожд, ветер и слично, дезинсекцијата ќе се одложи за следниот ден. За информации и прашања ги упатија граѓаните да се обратат на телефонскиот број на Општината.

Ребека Спасова М-Нет