
По вчерашниот прилог на М-Нет телевизија во врска со случајот во кој девојче од Кочани се онесвести во угостителски објкет, а Брзата помош немала интервента екипа, денесека се огласи и директорот на болницата, Александар Серафимов. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија тој истакна дека го испитал случајот и на бројот 112 на кој се снимаат сите повици повик немало. На бројот 194 не се знае кој звони и можеби затоа немало екипа на местото на настанот.
„Мојот коментар е дека е тенденциозна изјавата, затоа што имаме неколку екипи, најмалку пет екипи имаме со домашна посета. Во моментот можеби не е бил итен случајот и да ми кажат кој се има јавено на телефон. На тој телефон од чистачка сите се јавуваат“ – вели Серафимов.
Прашавме како треба да биде спорведен еден повик кон Интната медицинска помош за тие да се појават на место каде се навистина потребни.
“Ќе ѕвонат сега на 112, тоа се се снима, тие се имаат јавено на оној телефон што беше досегашниот 194. Значи кога ќе се јават тоа се снима и во полиција и кај нас и ќе кажат кој е на телефон, кој од Итна помош. Кај мене сите велат дека не се јавиле на телефон“ – додаде Серафимов.
Серафимов во оваа прилика уште еднаш потврди дека болницата располага со десет возила кои се во функција редовно се сервисираат и на секои шест месеци се прави технички преглед, што значи дека болницата нема проблем со недостаток на болнички возила.
Лаура Стојанова М-Нет